Повоени општествени појави и процеси 1919-1940
Општествените појави и процеси во Европа и светот меѓу двете светски војни, економската состојба, развојот на културата и влијанијата на техничко-технолошкиот развој, во услови кога Балканот е сеуште дестабилизиран од последиците од трите последователни војни, македонскиот народ во крајно неповолни услови ја продолжил борбата за конечно решавање на македонското прашање. Со Париската мировна конференција од 18 јануари 1919 година во присуство на 27-те држави победнички во Версај - Париз започнале динамичните дипломатски активности за решавање на војната. Неколку месеци подоцна на 28 јуни 1919 година, во Салата на огледалата во Версај, Париз, беше потпишан Меѓународен мировен договор меѓу победената Германија и Сојузничките и Здружени сили, со што се утврдил официјалниот крај на Првата светска војна. Со него започнал Версајскиот систем на договори од 1919 до 1920 година, чии крајни резултати беа утврдени во Сенжерменскиот договор, Нејскиот мировен договор, Тријанонскиот договор и Севрскиот мировен договор потпишани меѓу сојузничките и обединетите сили и поразените држави Германија, Република Австрија, Кралството Бугарија, Унгарија и Османлиската Империја.
Македонското прашање во текот на овие настани е разгледувано во повеќе од 30 седници, но во Комитет на нови држави и за заштита на национални малцинства. И покрај сите обиди да биде решено, тоа било минимизирано и повторно ставено на маргините на историјата.
Во време кога била потврдена поделбата на Македонија меѓу соседните балкански држави ( со Нејскиот мировен договор, 27 ноември 1919) со што бил оневозможен секаков демографски, економски, културен и национален развој на македонскиот народ, кој бил изложен на засилена денационализација и асимилација, дошло до постепено созревање на македонската национална свест и национален идентитет, кој во историјата на македонскиот народ ја означува кулминацијата на еден сложен и континуиран процес на национален развој и афирмација на идејата за слобода и државност. Во новите историски услови дејствувале повеќе македонски организации, друштва, братства, групи и поединци во Македонија и во странство, кој се раководеле со различни програми, методи, начини на дејствување и борба. Дел од овие политички и револуционерни сили ја следеле идејно-политичката подлога на првата македонска револуционерна организација, а дел од нив подпаднале под туѓи влијанија.