Порта Македонија
Во посебно обликуваниот мултифункционален простор на две нивоа, со површина од 120 м2 и 76 м2, се нуди можност за одржување на конференции, прес-конференции, семинари, билатерални и мултилатерални средби, промоции на книги и сл. Објектот е опремен со ентериер кој може да се адаптира за камерни концерти, изложби, коктели, модни ревии, венчавки и разни прослави, а на располагање вклучува и најсовремена аудио и видео опрема, опрема за симултан превод како и внатрешно обезбедување.
посетете ја веб страната www.portamk.org.mk





