Почитувани клиенти,
Музејот ве известува дека во периодот од 1 до 31 декември 2023 година нема да може да се организираат дополнителни настани поради веќе закажани тековни програмски, вонпрограмски активности и други активности во холот и во конференциската сала.

Конференциска сала, бифе и тераса

Музејот на македонската борба ви ги нуди своите простории за Вашите презентации, конференции, симпозиуми, конгреси и останати деловни настани. Не пропуштајте ја оваа можност за претставување во најрепрезентативниот амбиент во државата.

Музејот на македонската борба располага со: 

 1. Влезен хол - вкупна површина од 305м2

Image
  1. Аудиториум (конференциска сала)
    Салата е комплетно реновирана во декември 2015 г.
Image
  • вкупна површина од 320м2
  • располага со најмногу 230 места за седење
  • располага со конференциска маса, со шест  работни столици
  • можност за мултимедијална презентација
  • можност за презентирање на аудиовизуелен материјал од конферециската маса, на две проекциони платна (4х3 метри) од едно место со идентичен материјал
  • можност за засилување на говор и музика
  • можност за оперирање симултано, со четири безжични микрофони и два читачки микрофони за говорница
  • можност од шестте микрофони да се обезбеди симултан превод на два јазика, со дистрибуција на преводот до 150 слушатели 
  1. Бифе со тераса
  • вкупна површина од 110м2 ,со комплетна опрема 10 маси, 12 столици, гарнитури за седење од 6 и 3 дела, тоалет и кујна со додатоци.
  • атрактивна тераса, со корисна површина од над , каде во летниот период постои можност за организирање на кетеринг.
  1. Гардеробер
  • вкупна површина од 27м2 

Ценовник:

Изнајмување на конференциска сала и хол за еден час 10.000 денари (плус ДДВ)

Изнајмување на конференциска сала и хол за изложбени активности до пет дена 12.400 денари (плус ДДВ)

Изнајмување на конференциска сала и хол за изложбени активности до десет денови 24.800 денари (плус ДДВ)

Изнајмување на конференциска сала и хол за изложбени активности повеќе од 10 денови 24.800 денари (плус ДДВ) и 3.100 денари (плус ДДВ) за секој дополнителен ден 

Изнајмување на конференциска сала и хол за цел ден 40.000 денари (плус ДДВ)

Изнајмување конференциска сала за одржување концерти и други претставувања на физички лица, правни лица и здруженија на граѓани во траење до еден час 12.000 денари (плус ДДВ) и се дозволува само по една проба до еден час, дополнителна проба по цена од  2.000 денари (плус ДДВ)  

Изнајмување конференциска сала за промоција на книга, ЦД и други изданија 3.500 денари (плус ДДВ)

Изнајмување конференциска сала за фото сесија до еден час 3.100 денари (плус ДДВ), до два часа 6.200 денари (плус ДДВ)

Организирање на мали прослави - детски родендени, забави во бифето и на терасата до два часа 6.000 денари (плус ДДВ) 

Контакт-лице: Александар Алексовски 072422987

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.