Историјат

Краток историјат и опис на музејот

НУ Музеј на македонската борба за самостојност започнал со работа на 8-ми септември 2011г. Сместен е во објект од 6.435 нето – површина, каде музејските изложбени простории опфаќаат 2.500. Внатрешната организација и работните задачи во музејот се вршат во организациски облици преку шест самостојни оддделенија и една подружница, под името Порта Македонија. Постојаната музејска поставка ги презентира историски настани,процеси,личности од XIX и XX век, дополнета со музејски предмети (оружје, помошна воена опрема,разни видови на облеки, народни носии, етнолошки предмети и др.),историски документи, фотографии, помошни материјали и сл. Основни дејности на музејот се истражување,прибирање, документација, конзервација, презентација и публикување на музејски материјал од наведените области. 

Мисија

Музејот на македонската борба за независност ги прикажува историските процеси во XIX и XX век  на Македонија, давајќи информации и факти, неопходни за разбирање на историјата и општеството во нашата земја. Комплексот на модерната музејска структура овозможува споделување на искуства, вештини, знаења и идеи, промовирање на историските факти од постојаните збирки и тематски изложби достапни за јавноста.

  • Напредување во делот на музејската едукација, пристапност и можност секој посетител да го посети музејот без прекин.
  • Унапредување на соработката со Европската Комисија и со други донатори или ГО, НВО, фондации итн. со размена на искуства, знаења, идеи, отворање можности за учество во заеднички проекти и подобрување на капацитетите на музејските работници, следење и директна примена на европските културни политики.
  • Промоција на родови политики и родова еднаквост.
  • Професионално надградување на музејските професионалци преку семинари, промоција на музејската работа и градење вештини кај музејските работници.

Визија

Музејот ќе биде културен лидер во земјата и пошироко, меѓународно признат и етаблиран, како и пример за управување, презентација и користење на одржливо културното наследство.

Главни Цели

  • систематски истражува, собира, организира, стручно и научно обработува и проучува, конзервира, складира, објавува и презентира музејски материјал;
  • преку постојани изложби, повремени и мобилни изложби, предавања, семинари, филмски проекции и други облици на дејствување, ја запознава јавноста со музејските имоти и теми поврзани со македонската историја и култура;
  • обезбедува услови за користење и за научно и стручно проучување на музејскиот материјал;
  • објавува научни и стручни публикации, каталози, водичи и друг пупликациски материјал;
  • води уписна книга и пописна книга, картон за музејскиот материјал и други видови евиденција и документација;
  • врши и други музејски работи
  • прима донации од музејски материјали и други видови предмети поврзани со македонската борба за државност и самостојност;
  • врши воспитно-образовна дејност, односно развива посебни обрасци за прикажување на различни облици на дејноста на Музејот на македонската борба;
  • ја информира јавноста за својата работа;
  • организира и поставува повремени изложби, во соработка или за потребите на други правни и физички лица;

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.