Историјат

Историјат

Краток историјат и опис на музејот

НУ Музеј на македонската борба за самостојност започнал со работа на 8-ми септември 2011г. Сместен е во објект од 6.435 нето – површина, каде музејските изложбени простории опфаќаат 2.500. Внатрешната организација и работните задачи во музејот се вршат во организациски облици преку шест самостојни оддделенија и една подружница, под името Порта Македонија. Постојаната музејска поставка ги презентира историски настани,процеси,личности од XIX и XX век, дополнета со музејски предмети (оружје, помошна воена опрема,разни видови на облеки, народни носии, етнолошки предмети и др.),историски документи, фотографии, помошни материјали и сл. Основни дејности на музејот се истражување,прибирање, документација, конзервација, презентација и публикување на музејски материјал од наведените области.

Мисија

Музејот на македонската борба за независност ги прикажува историските процеси во XIX и XX век на Македонија, давајќи информации и факти, неопходни за разбирање на историјата и општеството во нашата земја. Комплексот на модерната музејска структура овозможува споделување на искуства, вештини, знаења и идеи, промовирање на историските факти од постојаните збирки и тематски изложби достапни за јавноста.

  • Напредување во делот на музејската едукација, пристапност и можност секој посетител да го посети музејот без прекин.
  • Унапредување на соработката со Европската Комисија и со други донатори или ГО, НВО, фондации итн. со размена на искуства, знаења, идеи, отворање можности за учество во заеднички проекти и подобрување на капацитетите на музејските работници, следење и директна примена на европските културни политики.
  • Промоција на родови политики и родова еднаквост.
  • Професионално надградување на музејските професионалци преку семинари, промоција на музејската работа и градење вештини кај музејските работници.

Визија

Музејот ќе биде културен лидер во земјата и пошироко, меѓународно признат и етаблиран, како и пример за управување, презентација и користење на одржливо културното наследство.

Главни цели

  • систематски истражува, собира, организира, стручно и научно обработува и проучува, конзервира, складира, објавува и презентира музејски материјал;
  • преку постојани изложби, повремени и мобилни изложби, предавања, семинари, филмски проекции и други облици на дејствување, ја запознава јавноста со музејските имоти и теми поврзани со македонската историја и култура;
  • обезбедува услови за користење и за научно и стручно проучување на музејскиот материјал;
  • објавува научни и стручни публикации, каталози, водичи и друг пупликациски материјал;
    води уписна книга и пописна книга, картон за музејскиот материјал и други видови евиденција и документација;
  • врши и други музејски работи
  • прима донации од музејски материјали и други видови предмети поврзани со македонската борба за државност и самостојност;
  • врши воспитно-образовна дејност, односно развива посебни обрасци за прикажување на различни облици на дејноста на Музејот на македонската борба;
  • ја информира јавноста за својата работа;
  • организира и поставува повремени изложби, во соработка или за потребите на други правни и физички лица;
Scroll to Top
Skip to content